Македонија
16. јуни 2016 - 17:18

Од утре пеколни температури, +40

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 28 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време.

Најтопло ќе биде утре и во сабота, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.