Од утре ново поскапување на горивото во Макеоднија
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголеми во просек за 3,00%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг.
Цената на бензините во Македонија се менува секои две недели. Во понеделник напалдне се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени кои ќе важат од полноќ. Наполнете ги резервоарите пред повторното можно поскапување.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи