Македонија
16. јуни 2019 - 16:08

Од утре нови регистерски таблици со кодот „НМК“

Почнува издавањето на новите регистарски таблички за возилата, со кратенката „НМК“, наместо досегашната “МК”. Спроведувањето на обврската за промена на кодот на сината лента од таблиците, која произлегува од Преспанската спогодба, ќе стартува од утре.

По потпишувањето на договорот за името, возилата што излегуваа од земјава, на граничните премини со Грција добиваа бесплатна налепница со новата кратенка. ова правило, предвидено е да се применува до 12 февруари 2024 година.

Сеуште нема прецизен датум кога ќе почне постапката за издавањето нови патни исправи. Обврската за замена на старите со нови лични документи, во согласност со спогодбата од Преспа, изнесува пет години од стапувањето во сила на уставните измени.

И граѓаните на општините Демир Хисар и Крушево од утре добиваат сопствени регистарски ознаки на возилата. Според одлуката за изменување на правилникот, за регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS.