Loading Video...
Свет
23. December 2021 - 21:15

Од утре нови мерки во Грција: Препорака туристите да се тестираат двапати по пристигнувањето

Од утре во Грција ќе има нови мерки и препораки за тестирање и за  граѓаните и туристите. Носењето маска повторно станува задолжително и на отворено и на затворено  а новина е воведувањето двојна хируршка  маска или Н95  за супермаркетите и јавниот превоз.

Се откажуваат и сите јавни божиќни и новогoдшни манифестации. Грчката влада  им препорача  на туристите да се тестираат на вториот и четвртиот  ден по пристигнувањето во земјата а на граѓаните пред секој собир или прослава.