Македонија
15. May 2016 - 12:26

Од утре нови цени на горивата во Македонија

Бензините согласно одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика, поскапеа за половина односно за 1 денар, а дизелот поскапе за дури 3 денари по литар.
 
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемуи за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуи за 1,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.
 
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.
 
Цените на нафтата во петокот на светските берзи се зголемија поради пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија што ја поттикна загриженоста кај инвеститорите за снабдувањето на краток рок.
 
 На лондонскиот пазар цената се зголеми за 1.11 $ и изнесуваше 45,73 $. На американскиот пазар нафта се тргува за 1,36 $ повисока цена, од 45,14 $.
 
 Ваквиот тренд на раст на цените најавува ново поскапување на горивата во Македонија од вторник.
 
За очекување е цените да пораснат меѓу еден и два денари при следната корекција закажана за 16. мај.