Од утре нов температурен шок
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до повремено засилен северен ветер кој преку денот ќе засилува и долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во Скопската котлина. Од наутро ќе дува умерен северен ветер кој преку денот повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат до 36 степени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација