Македонија
18. јуни 2016 - 14:44

Од утре нов пресврт со времето во Македонија

Времето во Македонија денеска е сончево и многу топло со мала облачност. Темпратурата се движи од 34 до 41 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, со температури до 40.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. 

Во недела попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност, врнежи и грмежи.