Македонија
20. January 2017 - 13:10

Од утре ниски утрински температури, од вторник снег

За време на викендот и в понеделник времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. В недела ќе биде најстудено, со температура од  -16 до -7. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе останат под нула.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда ќе има има зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од државава врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.

В среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени.