Македонија
12. July 2019 - 12:58

Од утре невреме со пообилни врнежи од дожд

Нови врнежи, наместа пообилни, а во источните делови над 20 литри на метар квадратен, најавува за утре попладне, во текот на ноќта и недела претпладне Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што соопшти УХМР, следува период на променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.

Според УХМР, денеска поладне претежно во западните делови ќе има појава на локалне дожд и ретки грмежи. максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен локален дожд.

Утре максималните температури ќе бидат во интервал од  21 до 32, а задутре од 20 до 29 степени.