Македонија
31. May 2018 - 11:02

Од утре летно работно време на зонското паркирање во Скопје

Градски паркинг-Скопје соопшти дека од утре, 1 јуни, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие. 

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

- Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување, соопшти Градски паркинг-Скопје.