Бизнис
13. May 2019 - 16:25

Од утре компаниите сами ќе ги одредуваат цените на горивата - нема страв од ценовни шокови

За еден денар поевтини  бензини,  за половина поскап дизелот. Макпетрол веќе го скрои новиот ценовник.  На нивните безински цените на бензините  ќе бидат пониски за едне денар однодно ќе се продавата по 71 и 73 денари за литар. Дизелот пак ќе се продава по 64 денари за литар. Досега  само оваа компанија јавно ги соопшти  новите цени.

Од утре трговците со нафта сами ќе ги утврдуваат цените на дериватите. Од регулаторна се надеваат дека тие ќе бидат корекни,  нема да предизвикаат ценовни шокови и ќе ги следат  светките трендови. За тоа колку ќе чини литар граѓаните едниствено ќе можат да се ифнормираат на бензиските станици.

Од РКЕ уверуваат дека со новата методологија која наскоро се очекува да стапи на сила , нема да има драстични промени. Во цените на горивата  ќе се пресметуваат трошоците на компаниите за набавка складирање и транспорт на дериватите до бензиските. Но од пресметката се исклучува трошокот од 29 долари по тон кој и се признаваше на ОКТА.

Минатата недела престана да важи старата методолгија за пресметка, а новата не се усвои, затоа што екс претседателот  Иванов  не ги потпиша измените во законот за енерегетика.  Од регулаторна очекуваат сега тоа да го стори новоизбраниот претседател Пендаровски,  тие да се усвојат во собранието и веќе од 20 мај регулаторната комисија да продлжи да ги формира  цените на горивата. Но со новата регулатива наместо на две недели ќе се утврдуваат на седум дена.