Македонија
15. October 2018 - 12:27

Од утре градежни работи на патниот правец А2-Тетово-Гостивар крак-село Неговито, забрана за тешки товарни возила

Градежни работи ќе почнат да се изведуваат од утре на патниот правец А2 Тетово - Гостивар крак - с. Неготино од осум до 16 часот, од понеделник до сабота во следните 20 дена, поради што тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец.

На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.