Од утре делумна забрана за движење во шумите
Јавното претпријатие „Национални шуми“, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
– Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка