Свет
29. January 2017 - 20:31

ОД СВАДБА ВО СМРТ: Починаа младенците и најмалку 45 сватови- трагедија која го потресе светот!

Најмалку 47 лица, вклучувајќи и десетина деца и штотуку венчан пар, загинаа денеска, кога камион со сватови излета од патот и падна во река на Мадагаскар.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила изутрината во предградие на градот Анјозоробе, околу 90 километри од главниот град Антананариво.

– Имаше вкупно 47 починати, вклучувајќи десетина деца и штотуку венчан пар, изјави портпаролот на полицијата Херилала Андрианатисаона.

Во несреќата се повредени 22 лица.