Од стрес се укочил, полицијата го извадила, не возел повеќе од 45-50 километри на час, објаснува адвокатот
Јавното обвинителство му побара притвор за 22-годишниот возач, кој на пешачки премин во Скопје ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш. На излегување од сослушувањето, адвокатот на возачот Душко Јанковиќ за А1он вели дека момчето било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи.
Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња.
Викторија Николова ќе биде погребана денеска во 13.30 часот на гробиштата во Раклиш, Радовиш. Од прерано починатото девојче овие два дена се простуваат и познати и непознати луѓе, кои повикуваат институциите да реагираат за загубениот млад живот. На социјалните мрежи се споделува иницијатива додека трае погребот, да се одржи собир на раскрсницата кај трговскиот центар Сити Мол, каде беше прегазена Викторија, како последен поздрав.
Викторија почина на лице место во четвртокот вечер, откако врз неа налета возилото на 22-годишникот, кој не застанал на пешачкиот премин. Според Обвинителството, семафорите не работеле, а возачот не излегол да пружи помош. Со полесни повреди помина момчето на Викторија, кој е беше пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија