Македонија
26. May 2019 - 16:18

Од среда почнува пријавувањето за лицата со социјален ризк за новите надоместоци

Семеен пакет кој што опфаќа образовен и детски додаток, енергетски додаток, зголемување на трајниот надоместок за родителите кои што имаат лица со попреченост, воведување траен надоместок за родителите кои што чувале деца со попреченост. Министерката за труд и социјала Царовска ја претстави новата социјална реформа, чие што спроведување треба да почне од среда.  

Се воведува и државна пензија која ќе изнесува 6000 денари и ќе ја примаат околу 6000 граѓани кои немаат доволно или воопшто работен стаж.

Додатокот за трето дете според претходното законско решение останува, но само за оние семејства кои што имаат вкупен приход од 12.000 денари.

За целата реформа се предвидени две милијарди денари, а првите исплати според оваа програма ќе бидат направени во Јуни.