Македонија
14. January 2021 - 17:00

Од следниот четврток угостителите ќе работат до 21 часот

Од наредниот четврток угостителските објекти наместо до 18:00 ќе работат до 21 часот. Министерот за здравство изјави дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот деновиве, рече Филипче.

-Од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила. Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот, изјави Венко Филипче, минситер за здравство.

Досега во Македонија не е детектиран мутиран коронавирус идентичен на тој во Велика Британија, но во МАНУ биле откриени други 6-7 видови.

-Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани други 6-7 видови, а оној кој провладува во изминатите месеци кај нас, е забележан и во Србија и во Швајцарија, рече Филипче.

Иако бројот на новозаразени се намалува, не се исклучуваат нови мини пикови, рече Филипче.