Бизнис
19. March 2019 - 19:39

Од Скопје ќе се лета за Баден - Баден и Бремен

Од Скопскиот аеродром два пати неделно ќе се лета до германските градови Баден-Баден и Бремен. Со воведувањето на овие дестинации, бројката на дирекни редовни авиолинии од Скопје се зголеми на 39.

“Во јануари и февруари годинава, бројот на превезени патници е 305.246, што претставува зголемување од 7% споредено со истиот период лани. Со воведувањето на новите рути очекувањата на ТАВ се дека бројот на опслужени патници ќе расте со побрзо или барем слично темпо”, вели Неџат Курт координатор на аеродромите на ТАВ Македонија.

Уште две нови рути од вчера се пуштени од Охридскит аеродром. Оттаму ќе се лета до шведскиот град Малме и италијанскиот Милано.

“Нашата задача во наредниот период е да привлечеме што повеќе компании што ќе понудат што е можно повеќе нови дестинации од македонските аеродроми. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај”, вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Воведувањето нови рути за летање од македонските аеродроми се обврска на нискобуџетската авиокомпанија Виз Ер, што произлегува од тригодишниот договор за користење државни субвенции.