Балкан
16. February 2017 - 9:09

Од синоќа земјотреси од 4,5 степени - тлото на Балканот се тресе

Земјотреси синоќа се регистрирани во близина на грчките острови Лезбос и на Крит.

Земјотресот во близина на Лезбос бил се интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, додека во околината на Крит бил со магнитуда од 4,5 степени и бил почувствуван во градот Ираклион.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето на 64 километри северозападно од Лезбос, а вториот на 36 километри југоисточно од градот Тимбаки.