Бизнис
2. April 2017 - 16:58

Од септември нова мултифункционална сала во кругот на УКИМ

Заврши изградбата на мултифункционалната спортска сала во кругот на УКИМ. Од септември се очекува да биде целосно подготвена за студентите. Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра . Се работи за 35 спортска сала од проектот за изградба на спортски сали низ земјава. Објектот располага со посебни сали за фитнес аеробик, пинг понг  и целосна спортска опрема. Увид во градбата денеска изврши лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Објектот се простира на површина од над 2000 квадрати. Дозволува  простор за 40 спортисти на терен и персонал од 14 лица.

Салата е со 800 седишта и ќе се користи за домашни и меѓународни натпревари. Според надлежните во УКИМ објектот многу ќе помогне да се развие универзитетскиот спорт.

Претходно спортски сали добија другите универзитети во земјава. До крајот на годината се очекува да почне и изградбата на спортската сала во рамки на Охридскиот универзитет.