Македонија
23. July 2015 - 16:44

Од септември 300 студенти ќе живеат и учат во нови услово до домот "Гоце Делчев"

Реновирани соби ,тоалети,  топла вода во секое време, удобни кревети, функционален лифт. Од септември 300 студенти ќе живеат и учат во подобри услови.  Во завршна фаза е реконструкцијата на блокот Б во студенсткиот дом Гоце Делчев.  До почетокот на академската година останува уште набавката на опремата.  Веднаш потоа се почнува со реконструкција на друг блок за кој со ребалансот на буџетот обезбедени се 60 милиони денари. Целосното реновирање на најстариот студенстки дом се очекува да заврши кон крајот на 2016-та. За 3500 денари месечно студентите од внатрешноста добиваат сместување, храна и студираат во Скопје. Заменик министерот вели дека нема да има никави врски при добивање на легло.

Тонски-веќе три години се спроведува електоснкиот систем за добивање на студенстско легло со што се отфрлаат сите можности за врски...приоритет се имаат ранливите категории на студенти...рече заменик  министерот за образование Спиро Ристовски

Со ребалансот на буџетот обезбедени се и доплнителни 220 милиони денари за реконстукција и санација на уште 45 основни и средни училишта во земјава. Со оваа инвестициона активност   значитело се подобрува образовната инфрастуктура во земјава.