Бизнис
11. August 2018 - 16:42

Од Русија вратени три пратки со македонски праски заразени од инсекти

Три пратки со праска биле вратени од Русија поради заразеност од инсекти. Од Министерството за земјоделство информираат дека поради заразеноста со габата монилија Русија нема вратено ниту една пратка со праска, но ниту од Македонија има испратено пратка со такви праски.

Во однос на најавената забрана од Русија увоз за коскесто овошје од Македонија, од Министерството велат дека се работи само за времена мерка за ограничување.

Министерството врши мониторинг на насадите со коскестото овошје за да се утврди распростанетоста на габата монилија на територијата на Македонија.

Русија најави дека од 15. август планира да воведе забрана за увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста. Оваа сезона во Русија биле извезени три милиони килограми праска, а вратени биле 120 илјади килограми.