Бизнис
26. May 2017 - 19:47

Од први јули поскапуваат сметоводителските услуги

Новиот тарифник за сметководители со кои се утврдува најниската цена  за извршена услуга  ќе ги погоди малите бизниси,  оние со неколку  вработени  и со помал промет.  Ако тие до сега за сметководствена услуга  месечно плаќале по 500 денари сега најниската цена ќе биде 2.000 денари . Експертите сметаат дека ваков тарифник треба да има но да им се остави простор на помалите фирми да го развијат бизнисот.

Цените за сметководствените услуги треба да бидат различнни за канцелариите во Скопје и во помалите градови.   За разлика од тука таму кириите се помали,а фирмите за кои вршат услуги се мали и со помали заработки.

Од инситутот за сметкодвосители велат дека новиот тарифник ќе помогне сметководителите да ги покријат направените трошоци а услугата ќе биде поквалитетна.  

Според новиот тарифник најниската цена за сметководствена услуга е 32 евра. Толку ќе ги чини компаните кои годишно имаат промет до 400 илјади денари. Додека највисоката е 1000 евра , цена која ќе ја плаќаат фирмите со годишен промет над 200 милиони денари.

Новиот ценовник важи од први јули.