Бизнис
30. September 2015 - 18:01

Од Прилеп стартуваше новиот циклус Саеми за вработување

Понудата и побарувачката на работа сила на едно место. Од Прилеп почна новиот циклус на караванот - Саеми за вработување. 

40 тина компании и речиси 2,000 заинтересирани лица кои сакаат да најдат работа се споија на исто место.

- Целта е да се видат можностите што ги нудат приватните компании и да се поттикнат луѓето активно да бараат работа, да се создаде можност невработените лица побрзо да стапат во контакт со претставници од приватните компании кои имаат слободни работни места. Истовремено саемите се и можност за младите кои се во процес на образование, да видат какви вештини и занимања се бараат на пазарот на трудот за да се ориентираат каде да го насочат школувањето, истакна министерот за труд Спасов.

На овој начин преку модерен и интерактивен пристап  невработените можат да стапат во контакт со голем број идни работодавачи. Искуството говори дека успешноста од ваквите саеми е голема. Само мината година вработени се 600 лица

Поповски со совет до младите – да размислат добро каде да  го насочат соето образование. Да ги  посетат ваквите саеми и да видат кој кадар е најбаран на пазарот.  Инаку, наредниот саем за вработување е закажан за 7 октомври во Велес.