Македонија
7. May 2021 - 19:56

Oд предвидени 5 милиони евра за помош на тутунарите ќе бидат распределени само околу 3.700.000

Oд 5 милиони евра од предвидениот ковид пакет за помош на тутунарите ќе бидат распределени само околу 3.700.000. Со овие тврдења денеска излегоа од новоформираните тутунски здруженија. Тие добиле допис според кој по 12 денари ќе биле распределени за 3 и 4 класа и по 2 денари за 2 класа. Според направените пресметки за откупените количини по класи, прашуваат каде ќе завршат другите пари.
 
„Вкупно 3 698 884 евра ќе потроши државата за ковид пакетот за кои како што знаеме сите беа оддвоени 5 милиони евра. Каде се 1.301.116 евра од ветените до исплатени“, истакна Игор Мирчески, координатор на новите тутунски здруженија.
 
Исто така поради ниските класи годинава од предвидените 30,7 милиони евра за субвенции, ќе биделе распределени нешто помалку од 28 милиони евра.
 
„Ако направиме вкупна анализа за субвенции и за ковид мерката остануваат 4 милиони  евра. Нашата држава, наместо да дава крати од парите обезбедени за тутунарите“, додаде Мирчески.
 
Тутунарите ги повторија барањата дека бараат ковид пакетот да биде распределен подеднакво за сите, а не на ваов начин и побараа премиерот да си достоел на збор за 185 денари просек кој ја им го ветил.