Македонија
28. September 2018 - 20:01

Од понеделник зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

Од понеделник почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ -Скопје. 

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот. 

- На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, од понеделник до сабота од 7:00 до 23 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.