Од понеделник заладување со врнежи од дожд, на планините снег
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидро-метеоролошки работи, дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога ќе изнесува до 15 степени.
На повисоките планини на север се очекува врнежите да поминуваат во снег. Во ноќта среда кон четврток врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат.
Вкупните врнежи од овој влажен и студен воздушен бран наместа ќе надминуваат 40 литри на метар квадратен, а брзината на северниот ветер, кој особено ќе засилува во вторник, повремено ќе е и над 60 километри на час.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро