Македонија
3. April 2021 - 13:01

Од понеделник во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне масовното вакцинирање со „Спутник “

Од понеделник во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне масовното вакцинирање со „Спутник В“ и за тој ден се закажани првите речиси 3000 термини.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините…  Според планот, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата денеска беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините…  Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош  ако е потребно.

Министерот Венко Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“ изјави дека на почеток во просек околу 4000 луѓе на ден ќе бидат вакцинирани низ дражавата, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат 7000 термини дневно, кога системот ќе профункционира во целост.

– Верувам дека системот добро ќе фунциноира. Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во Модуларната болница каде се вакцинираа здравствените работници. Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат.. Со доаѓањето нови и поголеми количини вакцини овој месец, ќе се намалува се повеќе старосна граница, изјави Филипче, кој е задоволен од досегашниот тек на процесот на вакцинација низ пунктовите во земјава. До вчера се вакцинирани 1300 граѓани.

За масовната вакцинација, во салата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министертство за здравство, здравствените домови, Институтот за јавне здравје…