Македонија
23. September 2016 - 16:24

Од понеделник учениците од Хром на настава во новото училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Пуштено во употреба подрачното ОУ “Димитар Поп Георгиев - Беровски”, во населба Хром.

Завршена е доградбата на новите простории и реновирањето на постојниот објект, и од следната недела околу 260 деца ќе почнат да одат на настава.

Реконструкцијата траела 14 месеци, а инвестицијата е вредна 30 милиони денари.

На почетокот ова училиште ќе функционира како петтолетка, но во иднина ќе прерасне во деветтолетка.

Во периодот додека траела реконструкцијата, основците посетувале настава во централното ОУ “Димитар Поп Георгиев – Беровски”, во Ѓорче Петров.