Македонија
31. August 2017 - 10:41

Од понеделник судовите со ново работно време

Судовите во Македонија од понеделник, 4 септември, ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, наместо како што беше досега од 8:30 до 16:30 часот.

Одлуката за новото работно време на судовите ја донесе Судскиот совет на РМ на седницата одржана вчера, согласно Одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите. Тој додаде дека Советот ќе следи како новото работно време ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите.