Македонија
27. February 2021 - 16:34

Од понеделник почнува првата фаза на пописот

Ти си повеќе од бројка – учествувај е камапањата со која од понеделник стартува попишувањето на дијаспората.

Покрај граѓаните кои живеат во странство, ќе се попишуваат и вработените во дипломатско - конзуларните претставништва, воени претставници агнажирани во мировни мисии, затвореници, притвореници и бездомни лица.

Статистика и МНР денеска ја презентираа веб апликацијата достапна на 8 јазици, на која за регистрација ќе биде потребна само е-маил адреса.

-0ваа апликација ќе биде идентична со прашалниците со кои ќе се попишуваат и граѓаните во Македонија, но таа нема да биде поврана со базите, вели Симовски.

Министерот Османи пак вели дека податоците кои ќе се добијат од пописот ќе помогнат за креирање на развојни политики кон дијаспората.

Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините зошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.

Теренскиот попис на населението официјално ќе стартува на 1-ви април. Утре пак истекува рокот за пријавување на потребните над 5000 попишувачи. 

Проценките се дека оваа статистика операција ќе ја чини државата 8 милиони евра.