Од понеделник Албанија го отвора авионскиот сообраќај со Грција
Албанското Министертво за инфраструктура и енергетика ги информираше своите граѓани дека од понеделник, 15 јуни ќе почнат редовните летови Тирана-Атина и Атина- Тирана.
„Одлуката на владите на двете земји да продолжат со редовните летови, исто така, предвидува спроведување на строги безбедносни протоколи против Ковид-19, одобрени од властите за јавно здравје,стои во соопштението на Министерството.
Се додава дека запознавањето со овие протоколи и нивното строго почитување од страна на сите патници не само што ќе ја зголемат безбедноста во ширењето на инфекцијата со Ковид-19, туку значително ќе ги олесни сите постапки што треба да се следат на соодветните аеродроми.
Во соопштението се посочува дека албанската влада е во постојан контакт со владите на европските земји за да го унапреди процесот на отворање на нивните аеродроми, а Министерството за инфраструктура и енергија навремено ќе ја објавува секоја одлука во врска со обновување на летовитекон сите земји.
Поради пандемијата, Албанија на 10 март целосно го прекина авионскиот и поморскиот сообраќај кон сите земји а ја затвори и границата, која пак ја отвори од први овој месец,во рамки на четвртата фаза од олеснителните мерки.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти