Од полноќ поскапуваат горивата
Од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар и ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува
45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и од полноќ ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,396 ден/кг.
Ново на Сител
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 961 пациенти, слободни кревети има
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 702 болни
-
Суперлигата ќе предизвика жестока реакција од УЕФА
-
Поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство
-
Костадинов: Успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ
-
Дванаесет клуба ја формираа Суперлигата
-
Џафери: Не можам да му наредам на пратеник да не дојде на седница
-
916 казни за брзо возење на територија на цела држава