Бизнис
22. August 2016 - 11:46

Од полноќ нови цени на горивата - Големо поскапување на нафтата

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Одлуката на регулаторот доаѓа по едно неделен силен раст на суровата нафта на светските берзи. Петочното тргување, конечно го запре растот на цените спуштајќи ја цената меѓу половина и еден долар за барел. Така американската лесна нафта за испорака во септември во петокот се продаваше по цена од 48 долари за барел, додека севреноморската европска нафта од типот „брент“, која се увезува и во Македонија чинеше 50,15 долари.

Пресметките велат дека  за само две недели, цената на нафтата на светските берзи се зголемила за скоро 9 долари по барел од 41,2 на 50,15 долари по буре или нешто под 24%.

За македонски услови тоа е значително повисока цена, која ако не при оваа корекција, тогаш при следната значително ќе ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати.

Зголемување на цените може да се очекува и денеска. 

Во моментов цените на нафтените деривати изгледаат вака