Свет
19. December 2019 - 11:42

Од Појасот Газа истрелана ракета кон Израел

Палестински екстремисти во Појасот Газа рано утрово истрелаа ракета кон јужниот дел на Израел, а израелски авиони одговорија со воздушни напади врз територијата под контрола на Хамас.

Израелската војска соопшти дека противвоздушната одбрана ја пресретнала ракетата, која била истрелана кон градот Сдерот. Два часа подоцна биле погодени екстремистички упоришта во градот Газа.

Израелската војска издаде соопштение во кое се наведува дека мета била „локација за производство на оружје за Хамас“.

Засега ниту една палестинска гупа нема преземено одговорност за ракетирањето, а Израел вообичаено го обвинува Хамас за сите напади извршени од Појасот Газа.