Балкан
26. August 2016 - 12:27

Од почетокот на годината Хрватска повлекла од ЕУ фондови 662 милиони евра

Министерството за регионален развој и ЕУ фондови, соопшти денеска дека Хрватска оваа година од ЕУ фондови повлекла околу пет милијарди куни (662 милиони евра) и е три милијарди куни (410) милиони евра во плус со оглед на уплатените средства во европскиот буџет.

Најголем дел од парите се насочени кон проекти од областа на сообраќајот и заштитата на животната околина, развој на претприемништво, вложување во студентски домови, проекти на научни институции и друго.

Во 2015 година Хрватска од ЕУ фондови повлекла 558 милиони евра, а во 2014 година 548 милиони евра.

Од влегувањето во ЕУ во 2013 година Хрватска досега од ЕУ фондови повлекла само малку повеќе од износот што е уплатен во Унијата, а сегашниот износ е  показател за доброто досегашно работење и назнака дека со тоа ќе се промени и искористеноста на фондовите и со тоа ќе се поттикнат инвестиции и економски развој, нагласува во соопштение Министерството.