Македонија
5. November 2017 - 11:40

Од Плоштадот Скендербег почнува голем протест на Албанците, еве кои улици низ Скопје ќе бидат блокирани

Денеска во 13 часот од Плоштадот Скендербег ќе започне најавен протест од страна на Здружението за албанска култура, соопшти МВР.

Според пријавата на организаторот се очекува протестантите од плоштадот Скендербег да се движат по ул.„Филип Втори Македонски“ до Собранието на Република Макадонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1 Скопје. 

За време на протестот сообраќајот на бул „Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ ќе бидат пренасочени во двата правци, а потоа и сообраќајот на улиците „11ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа од крстосница помеѓу „11ти Октомври“ и бул „Кочо Рацин“ (Црвен крст) до крстосница помеѓу ул„Димитрије Чуповски“ и ул.„Даме Груев“ (Палома Бјанка).