Живот
18. January 2019 - 15:59

Од оваа планина на смртта никој не се вратил: Поради една неверојатна причина Американците сепак одат натаму

Под дебелата зимзелена шума на 500 километри северно од Сан Франциско, се наоѓа еден од најплодните региони во САД за одгледување марихуана. Се вика округ Хумболт. Долго познат по одгледувањето на оваа билка, Хамболт се протега на третина од славниот „Смарагден триаголник“ кого до сочинуваат три тегиони - Хумболт, Мендокино и Тринити.

Со децении, дебелиот слој стебла и наизглед бескрајниот рурален терен го направија Хумболт иделано место за тајно одгледување на марихуана. Истите услови го прават регионот место на кое се исчезнува. Само Алдерпоинт во јужен Хумболт, го доби прекарот „Планина на смртта“. Злокобниот прекар потекнува уште од времето кога тука живееле двајца сериски убијци, брачната двојка Џејмс и Сузана карсон, од раните 80-ти години на минатиот век.

Обвинети се за убиство на три лица. Двојката побегнала на Алдерпоинт по првото убиство во Сан Франциско, а подоцна тврдела дека се всушност “воини“ во „светата војна против вештерки“. Дури и по нивното апсење во 1983 година, името се задржало, можеби затоа што многу луѓе кои ќе тргнат кон Алдерпоинт и округот Хумболт, инатаму исчезнуваат.

Во февруари 2018 година, медиумите известија дека секоја година на подрачјето на Хумболт исчезнуваат во просек по 717 луѓе на 100.000 жители. Овој впечатлив број - најголем во државата - на почетокот го поттикна документаристот Џош Земан да собере тим за деветмесечно истражување на напнатоста меѓу белците кои тргуваат со марихуана и кои ги шират овие работи, и Афроамериканците кои со оваа работа се занимавале одсекогаш. Истажувањето резултираше со серија од шест епизоди од документарната серија „Murder Mauntin“. Емисијата почнува со истрагата за исчезнатиот 29 - годишен Гарет Родригез од 2013 година кој исчезнал во Хумболт, година дена откако влегол во високопрофитабилната трговија со марихуана на црниот пазар. Телото на Родригез е пронајдена, а неговата смрт е прогласена за убиство.

Но Земан вели дека големиот број лица исчезнати кои во почетокот му го привлекле вниманието не се секогаш резултат на злосторство. Во телефонско интервју со „Ролинг стоун“ Земан објаснува дека руранлниот регион со бујна вегетација природно привлекува луѓе кои сакаат да живеат лежерно и повлечено од остатокот од светот.

„Во Хумболт многу луѓе ислезнуваат, но и многу луѓе исто така се пронајдени“, вели тој. Земан вели дека тоа е таков простор каде „луѓето едноставно сакаат да се исклучат од секојдневието, па така и од мрежата“.

„Она што Земан го откри во текот на деветте месеци заедно со тимот во Хумболт се многу подобри приказни, и дека исчезнатите се само еден дел од неговиот интерес во серијата. На почетокот на 1970 година ветараните кои се враќале од Виетнам наоѓале прибежиште во шумовитите ридишта на Хумболт, каде можеле да мируваат и да се лечат со својот ПТСп канабис. Разгранетото производство на канабис во Хумболт резултираше со напнатост меѓу оние кои го спроведуваа законот и одгледувачите на канабис кои траат со децении. Во 1980-тите сојузните и државните органи се здружија за да спроведат кампања против садењето марихуана, или “CAMP”, ефикасно претворувајќи делови од северна Калифорнија во воена зона.

Црни хеликоптери полни со вооружени единции на Националната гарда и полицајци специјализирани за борба против трговија со наркотици, извршија десант на Хумболт со наредба да ги уништат сите посеви со канабис кои ќе ги најдат. Извлекувале цели семејства од нивните домови со закани со оружје, ги претресувале куќите без причина и ја вознемирувале оваа главно мирна заедница. Земан на тоа ја посветил втората епизода од својата серија во која се опишува историајта на одгледувањето на канабис во регионот и сударот со полицијата.

Токму така може да се објасни исчезнувањето на 29-годишниот Гарет Родригез и као Хумболт „трагично е претворен во воена зона поради неможноста на сојузната влада да го легализира одгледувањето на марихуана“. Иронично е што калифорнискиот  Prop 64 -закон со кој се легализира употребата на марихуана во рекреативни цели од 2016 година го турна Хумболт повторно во немири. Даноци, барања за државна дозвола за одгледување и консултанти, годишно чинат стотици илјади долари, присилувајќи го одледувачите да прекинат со работа или да останат на црниот пазар.

Поголем дел од црниот пазар расте на „планината“, каде илегалната трговија не е ограничена на канабис, туку се повеќе се претвора во продажба на други дроги како кристал мет и хероин. „Знаеме дека марихуаната не е дрога“, вели Земан, „но илегалното производство и продажбата на марихуана може да доведе до илегално производство и продажба на други работи. Ако на пример, организација која се занимава со криумчарење на дрога одлучи да воспостави илегално одгледување во Хумболт, тогаш тие мора да ги користат истите патишта за трговија со дрога со другите илегални супстанции, било да станува збор за дроги или сексуални услуги“.

Географската одвоеност на „Планината на смртта“ со нејзината богата историја на судири со законот како и активностите на црниот паза, е она што ја чини предизвикувачка за да се достигне дното како што беше убиството на Гарет Родригез. Според Земан, ако ги прашате жителите на Алдерпоинт, ќе ви речат дека полицијата имала доволно информации да го фати наводниот убиец, но не и било грижа зошто Родригез бил вмешан во нелегални активности. Ако ја прашате полицијата, таа ќе ви рече дека немаат доволно за големото подрачје кое морааат да го прокријат и дека им е потребно многу повеќе од гласини за да апсат некого.

Вистината - како што често се чини на „Планината на смртта“ - е најверојатно некаде на средина. Во меѓувреме, правните одгледувачи се здружија за да создадат вистински бренд. Повеќе од 200 мали одгледувачи се надеваат дека ќе го одржат својот бизнис и покрај интересите на големите корпорации.