Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје
Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, во главниот град досега има 1.983 случаи, активни се 1.983.
Најголем број на активни случаи во скопските општини има Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.
Во целата држава има вкупно 3.583 активни случаи, а вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 6.787. Оздравени се 2.876 пациенти, а починати 3583.
Ново на Сител
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
-
Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Разбиена криминална мрежа во Атина која регрутирала малолетни девојчиња и ги принудувала на проституција
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица