Македонија
24. May 2020 - 14:05

Од непозната причина почина осуденик од КПУ Идризово

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово, кој бил донесен на 04.05.2020 од КПУ Идризово со здравствени проблеми.

Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција.