Живот
21. November 2016 - 14:20

Од нејзиниот задник жирито на „Јас имам талент“ остана со отворенa устa

На српската телевизија „Пинк“ почна да се емитува шоу-програмата „Јас имам талент“, а во првата епизода една од натпреварувачките, која е специјалист за танцот познат како тверкање, ги остави членовите на жирито во шок и со вилици спуштени до подот.
 
Инаку, жирито во оваа емисија го сочинуваат: Срџан Жика Тодоровиќ, Даница Максимовќ, Раста Кавали и Ана Николкиќ.
 
Натпреварувачката, чие име е Зорица, има 29 години, доаѓа од Белград и од жирито доби 4 „да“. Со танц се занимава веќе 20 години, исто така и со фитнес, а хоби ѝ е познатото тверкање.
 
По настапот таа открила дека секојдневно напорно тренира.
 
 На тренинг правам по 700 сквотови, за што треба многу напор и пот – рекла Зорица.
 
Погледнете како таа успеа да го маѓепса жирито.