Македонија
5. February 2016 - 12:40

Од „Макстил“ украдени бакарни кабли вредни 700.000 денари

Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во „Макстил“ АД Скопје. Од погонот на фабриката на улицата „16-та Македонска Бригада“ одзел околу 400 метри бакарни кабли со што стекнал противправна имотна корист од 700.000 денари.

Како што соопшти полицијата, разбојникот ја прескокнал жичаната ограда, влегол во кругот на фабриката и со употреба на погоден предмет откорнал една од оградните табли на магацинот. Влегол внатре, ги зел предметите и незабележан од никој заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.