Бизнис
21. January 2016 - 20:10

Од мај три лета неделно Скопје – Прага

Од мај повтороно ќе се лета од Скопје за Прага. Авиокомпанијата Чех Ерлајнс на оваа релација ќе лета три пати неделно. Билетот во едне правец ќе чини 85 евра, а повратниот 159 евра со вклучени такси. Новата авиолинија е остварување на уште едно барање на самите патници и доаѓа во време кога авиосообраќајот во Македонија бележи најдобри резултати.

Новата линија ќе го зголеми бројот на туристи од Чешка, карго превозот , а и одлична можност за македонските патници да ја посетат Прага.

Продажбата на билетите е почната уште од декември лани. Од авиокомпанјата засега се задоволни од интересот.

- Од 20 мај ќе има летови за Прага во понеделник и во петок, а од Прага за Скопје во четврток и во недела. Од 13 јуни односно од 14 јуни се воведува и третиот лет,  полетувања за Прага во среда и за Скопје од вторник.   Засега оптимистички се првичните резултати од продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага што стартуваше од декември. Новата линија ќе ги зацврсти односите меѓу двете земји, рече Јан Тот, од Чех Ерлајнс.

Чех ерлајнс ја опслужуваше линијата Скопје – Прага од 2005 до март 2012 година. Беше  прекината поради преструктуирање на компанијата.

Освен за Прага, годинава ќе се воведат летови  и до Братислава, Копенхаген и Берлин.

Лани бројот на патници на двата аеродрми во земјава порасна за 22 отсто и достигна до 1,5 милиони патници. Бројот на летови пак се зголемил за 11  проценти.