Џет-Сет
29. March 2018 - 14:35

Од лоша порно актерка до светски позната фаца: Ова семејството Кардашијан го криеше за тајната снимка на Ким

Секс снимката на Ким Кардашијан и нејзиното тогашно момче, музичарот Вили Норвуд, на интернет е прегледан над 150 милиони пати. Денеска славната риалите ѕвезда тогаш беше позната како една од наследничките на покојниот адвокат Роберт Кардашијан и лична стилистка на пејачката Бренди. Така и го запозна Вили, односно Реј Џерј. Имено, тие двајцата се брат и сестра.

Двојката се забавуваше од 2003 до 2006 година, а во текот на период на раскинување во јавноста се појави нивното интимно видео, кое на тогаш 23-годишната Ким и го промени животот од корен, на многу добро осмислен начин, и тоа на подобро. Еве како!

Иако, наизглед многу се мачеше да го запре прикажувањето на спорната снимка и беше подготвена поради неа и да оди на суд, видеото сепак беше објавено преку компанијата Вивид Ентертејнмент под името „Ким Кардашијан Суперстар“.

„Ким беше млада, амбициозна, беше одлучна во идејата да успее во Холивуд. Не заврши училиште, не можеше да најде некоја добра работа... Тогаш работеше како организатор на гардероберот на познатите личности, но сакаше многу, многу повеќе. Секоја вечер се движеше во тие кругови, знаете“, рече своевремено шоубиз блогерот Перез Хилтон.

Освен што се дружеше со многу попознати од себе, една од најдобрите другарки и беше Парис Хилтон, а таа се забавуваше со познати мажи. Таа на пример, беше прва девојка со која Ник Лашеј излезе по разводот од пејачката Џесика Симпсон.

Често продаваше приказни за себе за да може почесто да се јавува во медиумите. Ги повикуваше папараците каде и да се појавеше со некое големо име. Иако се шушкаше дека нејзината мајка Крис Џенер и дозволила да ја објави порно снимката, голема е веројатноста дека токму госпоѓа вест сето тоа сама го организирала.

По разните перипетии, на неа и нејзиниот сопруг и е понудено снимање на реално шои. Од снимката заработи неколку милиони долари и тој исклучително ретко се споменува, додека таа важи за една од најпознатие, најстилизираните и најбогатите жени на светот. Мажена е за раперот Канје Вест и со него има три деца - ќерките Норт и Чикаго и синот Сејнт.

Велат дека иако во моментот кгоа снимката излезе во јавноста воопшто не ни сонувала каква слава ја чека, сигурно е дека сметала на неа.