Свет
10. January 2021 - 15:22

Од Ковид-19 почина личниот лекар на папата Франциск

Лекарот на папата Фрациск, Фабрицио Сокорзи, почина вчера од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо.

Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година, и  имаше 78 години. Тој беше хоспитализиран во Рим на 26 декември на онкологија, објави весникот „Авенир“, што ги следи настаните во Ватикан.

Не е познато кога Сокорзи бил во близок контакт со папата за последен пат.

Во интервју за италијанскиот Канал 5, папата рече дека вакцинирањето во Ватикан ќе започне следната недела и дека тој ќе ја прими вакцината.