Свет
20. November 2020 - 8:33

Од коронавирус во светот се заразени над 57 милиони лица

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 57 милиони, а последните милион случаи се регистрирани во последниот 1,5 ден .

Според веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот се регистрирани 57.129.893 случаи на заразени.

Од Ковид-19 досега во светот умреле 1.363.451 лице, а 39.630.160 се излекувале.

Во моментов, во светот има 16.136.282 активни случаи на инфицирани со коронавирус.

Најголем број на заразени лица има во САД-над 12 милиони, следена од Индија со речиси девет милиони и Бразил, каде што бројот на заразени се приближува до шест милиони.

Од европските земји, најпогодена е Франција, која е четврта во светот со 2,08 милиони, а шеста е Русија со  малку над два милиона.