Македонија
1. July 2020 - 8:23

Од коронавирус почина снимател кој работеше во Македонска Радио Телевизија

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети.

Неговите колеги на социјалните мрежи се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

Ахмети се заразил од Ковид-19 последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Синоќа тој ја загубил битката со коронавирусот.

Ахмети имаше 51 година.

Тој е вториот медиумски работник кој почина како последица на коронавирусот.

Пред точно еден месец, 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа почина од Ковид-19.