Живот
26. November 2015 - 11:57

Од каде доаѓа зборот „уцена“ (blackmail)?

History.com

Дефиницијата за „blackmail“ (уцена) - чин кога од некого се бара да плати или да направи нешто со цел да се избегне објавување на штетна информација за него или неа - со текот на времето еволуирал. Потеклото на оваа кованица е поврзана со локалните старешини кои оперирале на границата помеѓу Англија и Шкотска во 16-иот и во дел од 17-иот век. Во тој период, швецерите барале од сопствениците на земјиште да им платат за да не ги ограбуваат. Зборот „mail“ во кованицата значи „признание, закуп“ и доаѓа од стариот скандинавски збор „мал“ што значи „согласниост“.

„Блек“ (црно) во уцена се смета дека е игра со зборови за „бели пари“, термин за сребрени монети со кои покорните фармери традиционално си ја плаќале својата легиотимна кирија.

Во еден од прцвите американски политички секс скандали имал уцена. Во 1791 година, Алекксандер Хамилтон, тогашниот прв гувернер на американската народна банка, имал роматична врска со Марија Рејнолдс, млада жена која му кажувала дека и требаат пари затоа што мажот и ја напуштил. Кога сопругот на Марија, Џејмс, пак се појавил на сцената, тој го придилувал Хамилтон да му плати за да молчи за аферата. Подоцна Џејмс Рејнолдс бил фатен во заговор за измама во владата, тој се обидел да го вмеша Хамилтон во измамата. Соочен со Џејмс Монро и неколкумина негови колеги во Конгресот, Хамилтон негирал било кава вмешаност во измамата но ја признал неговата врска со Марија Рејнолдс. Тој во Конгресот доаставил писма од двајцата сопрушници Рејнолдс во кое се потврдува дека поврзаноста во Рејнолдс била заради афера, а не заради финансиска измама. Убеден дека Рејнолдс не е вмешан во корупција во владата, конгрсмените одлучиле да го отфрлат случајот, Сепак, партизираниот политички автор Џејмс Календер подоцна дошол до овие писма и во 1797 година ја објавил приказната за тајната њубовна афера на Хамилтон, истовремено обвинувајќи дека исплатата за Џејмс Рејнолдс била дел од заговорот да се измами владата. Возвраќајки, Хамилтон објавил детален одговор во кој тој го признава брачното неверство, но ги негира обвинувањата за фиинансиска корупција. Поранешниот гувернер на народната банка, кој ја напуштил позицијата и се вратил на адвокатура, го преживеал скандалот (па дури и неговиот лик се појави на банкнотата од 10 долари), починал во 1804 година откако бил смртно ранет од Арон Бур во најпознатиот дуел во Америка