Oд јули повисоки сметки за струја до 10 проценти, најави Бислимоски
Со цел да ги намалат своите трошоци, општините формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за домаќинствата, информираше денеска Марко Бислимовски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Со оваа злоупотреба, тој додава дека граѓаните веќе од јули би можеле да се соочат со повисоки сметки за струја до 10 проценти.
-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимовски во изјава за медиумите.
Претседателот на РКЕ верува оти ќе се објават јавно кои општини направиле злоупотреба на електричната енергија, со цел граѓаните да знаат дека тие општини не се грижат за нив.
Во моментов, РКЕ работи на креирање нов тарифник за електрична енергија. Бислимовски вели дека очекувањата се некаде да се движи од 150 до 250 киловат часови првиот блок, само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300 , 400 па 400 и нагоре.
Тој додава дека цената на сметките за струја најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ и со цел да се спречи големо покачување, Бислимовски бара државните електрани да обезбеди сто проценти од потребите на „ЕВН ХОУМ“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација