Македонија
22. October 2019 - 20:22

Од јануари нема фрлање смет од Маврово и Ростуше во дебарската депонија

Советот на општина Дебар, по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, усвои заклучок со кој не се дава согласност за продолжување на договорот за депонирање смет од општина Маврово и Ростуше во градската депонија во Дебар.

Со ваквот заклучок всушност не се продолжува договрот поптшан помеѓу jавните комунални претпријатија „Срандард“ од Дебар  и „Маврово“ од Маврово Анови.

Сметот во дебарската депонија од подрачјето на општина Маврово и Ростуше беше депониран неколку години наназад, а последно потпшаниот договор меѓу двете претпријатија истекува на 31 декември годинава. Месечниот надоместок што го плаќа претпријатието „Маврово“ изнесува 30.000 денари.

Како што беше образложено причина за тоа е факот што дебарската депонија станува претесна, како и дека „нема ни некои поголеми економски ефекти“.

-Нема да го продолжиме договорот за депонирање на сметот од општина Маврово и Ростуше во нашата депонија бидејќи актуелната депонија станува претесна а немаме ниту некои економски ефекти од овој договор. Ја разбирам состојбата во нашата соседна општина но нема што да се прави. Нема простор за депонирање смет и од други општини, рече градоначалникот Дука.

На седницата беше донесена одлука со која за првпат ЈКП „Стандард“  ќе го собира сметот од дебарските села и ќе го депонира во депонијата во Дебар,со што се очекува да се намалат многуте диви депонии.